Голем проблем за Пелистер: Тешка повреда на Хосни

Еурофарм Пелистер се соочува со сериозен проблем на самиот почеток од гостувањето во Португалија против Агуас Сантас, по тешката повреда што по нецели десет минути игра ја заработи Тунижанецот Хосни.

Одличниот бек тргна храбро во контранапад и реализираше во мрежата, но притоа незгодно доскокна и веднаш стана јасно дека проблемот е крајно сериозен откако остана да лежи на теренот.

Тунискиот репрезентативец викаше од болка додека му беше укажувана лекарска помош, мораше веднаш да го напушти теренот, но од она што можеше да се види повредата е максимално сериозна. Се очекува по враќањето назад во Македонија да бидат познати повеќе детали околу состојбата на одличниот ракометар, кој требаше да биде едно од најголемите засилувања на „пелистерци“ во атакот на шампионската титула оваа сезона.

Се вчитува...