Повредата на бекот на Еурофарм Пелистер, Усама Хосни, заработена на вечерашниот дуел во Португалија со Агуаш Санташ сепак не е од посериозна природа.
Иако падот делуваше лошо, а Тунижанецот во голема болка го напушти теренот, битолчни информираат дека не станува збор за преголем проблем.
„Тунискиот репрезентативец Усама Хосни се здоби со повреда во првото полувреме од натпреварот со Агуаш Санташ. Повредата на Усама Хосни не е сериозна, се работи за дислокацијата на палецот на десното стапало“, објави македонскиот вицепрвак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

