Македонија од денеска па до 20. ноември ќе биде домаќин на Европското првенство ракомет за жени 2022 година. Нашата земја заедно со Словенија и Црна Гора го организира овој шампионат, а денеска по повод првенството беше одржана и официјалната прес-конференција.
Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов вели дека е голема чест и одговорност што успеале да донесат едно Европско првенство во главниот град на Македонија.
„Во последните 15 години често бевме дел од големите натпрееварувања, но секогаш бевме како навивачи или членови на нашата делегација. Сега конечно имаме можност да донесеме едно Европско Првенство овде, во нашиот главен град, во оваа прекрасна сала. Тоа е голема чест и голема одговорност. Претставници на претставниците на медиумите и на целата јавност, на АМС и на ракометните работници, што заедно одработуваме нешто што ќе остане запаметено. Би сакал посебно да се заблагодарам на тимот од РФМ за ова европско првенство да го претставиме на едно највисоко ниво. Сега треба да го потврдиме сето она што го градевме сето ова време, очекувам сплотеност и заеднишство, македонската јавносст да покаже колку го сака спортот и ракометот, да покажеме дека можеме да се носиме на сите полиња, како организациски така и спортски“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Потоа, на прес-конференцијата Живко Мукаетов преку видео-врска им се обрати на ракометарките кои го следеа настанот во својот хотел.
„Како што се договоривме, веруваме прво во себе, во тимот, во Македонија“, порача Мукаетов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА