Крумболц: Не беше лесно, Македонија одигра добро во одбраната

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Франција 14-24 во натпревар од 1. коло во Ц групата на Европското првенство 2022 година.

Селекторот на француската репрезентација Оливие Крумболц по мечот вели дека е среќен за победата бидејќи првите мечеви секогаш се тешки на шампионатите…

„Многу сме среќни за победата. Беше тежок натпревар, бидејќи првите мечеви на шампионати никогаш не се лесни. Среќен сум за тоа како изигравме во одбраната и во контра нападите, но во нападот не одигравме на наше ниво. Резултат сепак е добар за нас и за продолжението од натпреварувањето“, изјави Крумболц.

Голманката на Франција, Клеопатре Дарло размислува слично како селекторот…

„Беше тешко за нас бидејќи првиот меч секогаш е тежок. Среќни сме што стигнавме до победа. Одлично се подготвивме за мечот. Македонија има одлични играчи и среќна сум што се подготвивме добро за почеток на мечот. Задоволна сум како одигра одбраната, а тоа е многу важно за голман. И посакувам многу среќа на Македонија во продолжение“, изјави Дарло.

Се вчитува...