По поразот во првото коло од Норвешка на Европското првенство, ракометарките на Хрватска славеа против Унгарија со 21-18 во 2. коло од Групата А која се игра во Љубљана, Словенија.
Хрватките беа подобри во текот на целата средба, одржувајќи ја предноста низ сите 60 минути, па на крајот сосема заслужено дојдоа до триумфот.
Во Групата Б, Словенките немаа сили и за второ изнендување. Во групата во Целје Словенија ја изненади Данска во првото коло победувајќи со 27-26, но денеска во второто коло доживеаја убедлив пораз од Шведска со 22-33.
ГРУПА А (ЉУБЉАНА)
Хрватска – Унгарија 21-18
Норвешка – Швајцарија (20:30 ч.)
ГРУПА Б (ЦЕЛЈЕ)
Словенија – Шведска 22-33
Данска – Србија (20:30 ч.)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА