Холандија вчера обезбеди главна фаза на Европското првенство откако славеше над женската репрезентација на Македонија со 30-15. Селекторот на Холанѓанките, Пер Јохансон по мечот на социјалните мрежи објави фотографија со селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров.
Тој на објавата вели дека денот е комплетен кога ќе се сретнеш со најдобриот ракометар на сите времиња.
„Денот е комплетен по средбата со Кире Лазаров – најдобриот играч на сите времиња“, напиша Јохансон.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА