Ракометарите на Еурофарм Пелистер стигнаа до сигурна победа над Еурофарм Пелистер 2 од 36-27 во битолското дерби како дел од 10. коло од Б групата во ракометната машка Суперлига на Македонија.
За разлика од првиот меч меѓу овие два тима кој заврши без победник, овојпат помладите битолчани немаа сила за изненадување против големиот фаворит. Номиналните домаќини фуриозно го стартуваа мечот па по 30 минути игра веќе имаа убедливи плус седум (20-13).
Вториот тим на пелистерци во второто полувреме во неколку наврати доаѓаше на само четири негатива, но тоа беше се што успеаја да направат избраниците на Александар Јовиќ кои на крајот доживеаја убедлив пораз од 36-27. Гоце Ојлески и Ненад Костески со по девет гола беа најпрецизни кај победникот, додека кај поразените ист број на погодоци постигна Дејан Кукуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА