Првиот човек на европскиот ракомет гостин на претседателот на РФМ Живко Мукаетов

Првиот човек на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Михаел Видерер беше гостин на претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов. Тие имаа заедничка дружба и ги проследија двата натпревари од денешната програма во главната групна фаза која се игра во Скопје.

Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на социјалните мрежи напиша дека му причинува голема чест и задоволство што во Македонија гостин беше првиот човек на ЕХФ.

„Вистинска чест и привилегија е да го пречекаме денеска во Скопје претседателот на Европската ракометна федерација, нашиот драг пријател, Михаел Видерер. Заедно со генералните секретари Филип Милошевски и Мартин Хауслајтнер разговаравме на интересни теми за нашиот национален спорт бр.1! Би сакал да се заблагодарам и на јавноста и на медиумите за поддршката. Како национална ракометна федерација надминавме големи предизвици на ова патување наречено ЕХФ ЕВРО 2022, но наклонетоста на нашата нација кон ракометот ќе биде мотив за уште повисоки достигнувања! Ми беше најголемо задоволство да ја видам нашата сениорска екипа на теренот на овој голем турнир по десет години „пауза““, напиша Мукаетов. 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zhivko Mukaetov (@zhivkomukaetov)

Се вчитува...