Ракометарите на Голден Арт лесно го совладаа тимот на Скопје, и стигнаа до четвртиот триумф во 10 меч во Супер лигата група Б во ракометниот шампионат.
Во салата „Форца“, Голден Арт речиси во целиот мечја имаа контролата на резултатот, и уште на почетокот се текнаа со водство кое само го зголемуваат, па на полувремето заминаа со предност од седум разлика (10-17).
Во вториот дел гостите како да забавија малку, па постигнаа само 12 голови, додека Скопје остана на 10, за конечни 20-29.
Најефикасен на средбата беше Мице Шилегов од Голден Арт кој постигна седум голови, додека шест даде Илиев. Кај домашните Барјактаревиќ даде шест погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА