Познат е распоредот во женската ракометна Суперлига за пролетната фаза од сезоната, со плеј-оф и плеј-аут сегментите. Актуелниот шампион и најдобрата екипа попрвиот дел од сезоната, Ѓорче Петров, во првото коло ќе гостува кај Пелистер. Дербито од воведното коло ќе го играат Вардар и Металург. Чаир ќе игра против Стружанка, а Куманово против Овче Поле.
За разлика од машката Суперлига, кај жените не се доделуваат поени според пласманот од есенскиот дел по принципот 4-3-2-1-0, туку едноставно се пренесуваат бодовите освоени против екипите кои продолжуваат во иста фаза.
Затоа Ѓорче Петров ќе почне со максимални 18 бода, Вардар, Металург и Чаир ќе имаат по 12, а Куманово е исто така во трка за висок пласман со девет. Првото коло е закажано за 11. и 12. март.
Женска лига, плеј-оф, 1 коло:
Куманово – Овче Поле
Чаир – Стружанка
Пелистер – Ѓорче Петров
Вардар – Металург
Женска лига, плеј-аут, 1 коло:
Гевгелија – Кузман Вардар
Шампион – Астибо
Скопје – Деспина
Спартак е слободен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА