Пик Сегед и Веспрем го одиграа и четвртото дерби во краток период, овојпат како дел од ракометната суперлига на Унгарија. На мечот кој значи предност од домашен терен во финалето во шампионатот Пик Сегед конечно успеа да стигне до победа од 30-28.
Натпреварот почна израмнето. Се играше во егал во текот на целиот прв дел, а домаќините на пауза заминаа со минимална предност од 18-17. За разлика од првите 30 минути, во вторите одбраните заиграа на далеку повисоко ниво, па видовме многу помалку голови, а на пет минути до крајот натпреварот влезе во егал 26-26. Пик Сегед успеа да постигне два гола во низа и на три минути да крајот да се одлепи на плус два (28-26).
До крајот Пик Сегед успеа да ја задржи предноста и да стигне до конечен триумф од 30-28. Миклош Рошта со девет гола беше најдобар поединец во таборот на победникот, додека кај поразените Пешмалбек постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

