Милан се соочува со огромен проблем во клучниот дел од сезоната, откако на самиот почеток од денешното дерби со Лацио незгодна повреда заработи Рафаел Леао.
Португалецот тргна во контранапад од половина на теренот, но во противничкиот шеснаесетник топката му побегна, по што Леао веднаш се пожали на болка во мускулот. Следеше пауза од неколку минути, по што Пиоли реши да го повлече од игра најдобриот фудбалер на Милан оваа сезона.
Проблемот е уште поголем ако се знае дека за само четири дена „росонерите“ ги очекува првиот меч од полуфиналето во Лигата на Шампионите против градскиот ривал Интер, меч за кој настапот на Леао е крајно неизвесен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

