Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа го освои последното место на ЕП што се одржува во Португалија, откако и на денешниот последен меч претрпе пораз, овојпат од селекцијата на Романија со 1-2 во сетови.
Нашите ракометарки во израмнета борба го добија првиот сет со 16-14, потоа имаа и убава предност во вториот сет од 10-6, но опуштањето во завршницата им овозможи на Романките да се вратат и да израмнат на 1-1.
Согласно правилата, при 1-1 во сетови се игра пенал-завршница во која во случајов подобри беа романските ракометарки, триумфирајќи со 8-4.
Божиновска и Гулиџоска беа најефикасни во македонскиот национален тим на денешниот натпревар со по осум освоени поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

