Македонската ракометна репрезентативка, Сара Ристовска засекогаш се запиша во аналите на ЦСКА Москва, „присвојувајќи“ два големи рекорди од историјата на рускиот тим.
На натпреварот против Ростов Дон, Ристовска дојде до бројката од 475 гола и стана најдобриот стрелец во историјата на овој тим, заменувајќи ја на врвот од листата Антонина Скоробогаченко е со 473 погодоци.
Ристовска е и ракометарка со најголем број настапи во дресот на тимот од Москва, одигрувајќи 152 официјални меча.
ЦСКА Москва на 4. јуни го игра одлучувачкиот натпревар за шампионската титула во рускиот шампионат. Во моментов, во финалната серија против Ростов Дон, е 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА