Како што веќе е традиција и летово ќе се одигра, по осми пат меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ во Прилеп.
Покрај домашната екипа на Прилеп, на турнирот ќе учествуваат и македонските суперлигаши Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт, Скопје, Пролет, Мултиесенс и Струга.
На турнирот ќе настапат и два тима од странство. Првиот ќе биде поранешниот учесник во Лигата на шампионите фински Кокс, додека вториот ќе биде српска Дубочица.
Осмото издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ ќе се игра во периодот од 25 до 28 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

