Убедлив пораз на младите ракометарки на тестот со Унгарија: Само три гола за едно полувреме

Женската репрезентација за ракометарки до 19 години доживеа убедлив пораз на првиот натпревар од подготвителниот турнир во Дабаш, Унгарија.

Избраничките на Јулијана Дамческа загубија од врсничките од Унгарија со убедливи 44-18, притоа во првото полувреме постигнувајќи само три погодоци кои домаќинките го добија со 27-3.

Македонија утре ќе се соочи со Холандија, додека турнирот завршува во сабота со натпревар против САД. Македонските ракометарки се подготвуваат за настап на ЕП во Романија, па по завршувањето на турнирот во Унгарија, ќе следува и учество на младинскиот „Трофеј Карпати“ во Романија.

Се вчитува...