Легенда: Кирил Лазаров единствен Македонец во „Куќата на славните“ на ЕХФ

Великанот на македонскиот ракомет Кирил Лазаров, стана дел од Куќата на славните на ЕХФ, која Европската ракометна федерација вечерва на свечена манифестација ја отвори во чест на јубилејниот 30-ти роденден.

Гордоста на Македонија со тоа дополнително ја продлабочувајќи ја својата трага во историјата на спорот, а и како единствен Македонец кој се најде меѓу величествените одново ја претстави нашата држава во најдобро можно светло.

Покрај Лазаров, од оние кои се најдоа во „Куќата на славните“, а настапувале на терените ширум Македонија беа и поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик, како и Aња Алтхаус која претходно остави трага во моќниот тим на ЖРК Вардар, македонската снаа Едуарда Аморим-Талеска која настапуваше за Кометал Ѓорче Петров, како и Ирина Дибирова, сопругата на Тимур Дибиров, која беше тренер во ЖРК Вардар.

Место во Куќата на славните има и за легендите Тиери Омејер, Ивано Балиќ, Драган Шкрбиќ, Момир Илиќ, Даниел Нарцис, Штефан Кречмар, Гудјор Валур Сигурдсон, Филип Јиха, Виктор Томас, Магнус Висландер, Вид Кавтичник, Талант Душебајев…

На гала-свеченоста присутен беше и претседателот на македонската ракометна репрезентација, Живко Мукаетов кој застана рамо до рамо со сегашниот селектор на Македонија.

Се вчитува...