Германија е младински ракометен светски шампион

Ракометната репрезентација на Германија е освојувач на Светското првенство до 21 година на кое „панцирите“ заедно со Грција беа домаќини.

Во финалниот натпревар Германците како и на целиот шампионат стигнаа до убедлив триумф на Унгарија од 30-23. Германците во првиот дел беа подобар противник и на пауза заминаа со позитива од три гола (14-11). Во вториот дел „панцирите“ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 30-23.

Јустус Фишер со шест гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Ерханд Сиса заврши со пет.

Претходно во натпреварот за третото место репрезентацијата над Исланд славеше над Србија со 27-23. Лео Гунарсон Торстен со осум гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените шест постигна Бошко Станисавлјевиќ.

Се вчитува...