ЕХФ и ја одзеде на Русија организацијата на Европското првенство

Извршниот комитет на Европската ракометна федерација одлучи да и се одземе организацијата на Русија на Европското првенство во 2026 година во женска конкуренција.

Русија ја доби организацијата во ноември 2021 година, но поради воената состојба во која се наоѓа регионот одлучено е шампионатот да се одржи во друга земја.

ЕХФ информираше дека дополнително ќе биде донесена одлуката каде ќе се организира Европското првенство 2026 на кое ќе учествуваат 24 селекции од Стариот континент.

Се вчитува...