Бранко Ангеловски, откако замина од Мулти Есенс, сега нов спортски директор на Еурофарм Пелистер

Поранешниот македонски репрезентативец Бранислав Ангеловски е именуван за нов спортски директор на Еурофарм Пелистер, откако претходно клубот објави дека од функцијата се повлекол Димитар Митревски.

Легендата на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, по епизодата како тренер на Мулти Есенс од каде замина во мај оваа година. Функцијата спортски директор ја извршуваше претходно и во романска Констанца.

46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот на Македонија, а дел е и од најголемите успеси и со македонската репрезентација. Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а на интернационалната сцена настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија).

Еурофарм Пелистер претходно ја информираше јавноста дека поради приватни причини Димитар Митревски си замина од клубот.

Се вчитува...