Пелистер ќе учествува на силниот турнир во Добој

Актуелниот ракометен шампион на Македонија Е. Пелистер ќе биде дел од 54. издание на традиционалниот ракометен турнир во Добој.

Пелистерци во Добој ќе играат во првата група, а за противници ќе ги имаат Монпелје од Франција, Ал-Ахли од Египет и домашната Слога Добој од БиХ. Во втората група се шпанска Барселона, словенечки Целје Пивоварна Лашко, хрватски ППД Загреб и српска Војводина.

А група:
Еурофарм Пелистер (Македонија(, Слога Добој (БиХ), Монпелје (Франција), Ал-Ахли (Египет)

Б група:
Барселона (Шпанија), Загреб (Хрватска), Целје Пивоварна Лашко (Словенија), Војводина (Србија)

Се вчитува...