Македонскиот репрезентативец Валон Етеми, се наоѓа на листата на желби на Фенербахче, пренесуваат дел од турските медиуми. Крилниот фудбалер имаше одлична сезона во Турција зад себе, постигнувајќи 12 погодоци во дресот на Истанбулспор.
Меѓутоа за да дојде до трансфер во Фенер, најпрво гигантот од Истанбул треба да го продаде Диего Роси, за кого има интерес од САД. Уругваецот имаше не ги оправда платените 5,5 милиони евра за него, а сега Фенер за неговите услуги ќе бара исто толку колку што го плати. Една од причините поради која сака да се раздели е и високата плата на играчот.
Фенербахче наводно подготвува понуда до Истанбулспор во висина од 1 милион евра. Дали ќе биде доволно за ангажман на македонскиот репрезентативец, ќе одлучи неговиот клуб. Во моментов неговата цена на „Трансфермаркт“ изнесува 2 милион евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА