Фудбалската репрезентација на Македонија повторно не и дозволи на Италија да се радува на триумф откако одигра 1-1 вечерва на домашен терен во квалификациите за Европското првенство во Германија 2024 година.
Селекторот на Италија, Лучијано Спалети по мечот изјави дека теренот бил големата предност за Македонија.
„Теренот беше лош и поради тоа имавме многу проблеми. Македонците имаа голема предност бидејќи го познаваа добро теренот. Условите и состојбата на теренот не знаевме каква ќе биде и како ќе влијае на играта. Секогаш сакаме да имаме високо ниво на фудбал и тоа го имавме и вечерва. Моите фудбалери одиграа одлично и поврзано на теренот. Имаме препознатлива игра и мислам дека Италија е силна фудбалска нација која му подарила големи фудбалски имиња на светот. Имаме квалитет и сметам дека сепак сме нација пример за фубалот“, изјави Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА