Наполи подготвува нов договор за Елмас – „Дијамантот“ во Скопје против Италија му покажа на Руди Гарсија кој е и што е!

Италијанскиот шампион Наполи најави дека подготвува нов договор за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и со категоричното одбивање на понудите од Лајпциг и Ливерпул за негов трансфер.

Цврстата одлука да не се прифати понудата од 30 милиони евра од Ливерпул, како што пишува „Кориере дело Спорт“ јасно кажува дека се подготвува нов договор за македонскиот фудбалер, со тоа што раководството на клубот чека освестување од тренерот Руди Гарсија кој на стартот од сезоната нуди повеќе од скромна минутажа за Елмас.

„Ако не се промени односот на Гарсија кон Елмас со минутажата, под голем знак прашалник ќе биде продолжувањето на договорот“ – пишува „Кориере“.

Дел од локалните наполитански медиуми, пак, се уште подиректни истакнувајќи дека Елмас со изданието во македонскиот дрес против Италија во Скопје покажал кој е и што е.

„Елмас од Руди Гарсија доби само 21 минута на три натпревари на стартот на сезоната. А, со играта во Скопје против Гарсија како да сакаше да му покажа на Руди Гарсија кој е и што е“ – пишуваат италијанските медиуми.

И од раководството на клубот сметаат дека е крајно нејасен односот на Гарсија кон Елмас, очекувајќи конечно да го разбере квалитетот на македонскиот „дијамант“ и со далеку поголема минутажа да се овозможи негова желба за продолжување на договорот. Во спротивно јасно е дека Елмас сигурно ќе размислува за заминување од клубот со кого со договор е врзан до јуни 2025 година.

Се вчитува...