Промоција на Јован Манев во Осијек: Чест ми е да бидам дел од овој клуб (ВИДЕО)

Јован Манев и официјално е промовиран во нов играч на Осијек. Македонскиот репрезентативец кој ги одигра од почеток натпреварите со Италија и со Малта во квалификациите, замина во Хрватска и денеска го комплетираше трансферот.

Манев доаѓа во Осијек како позајмен од Адана Демирспор до крајот на сезоната, со можност за откуп на неговиот договор.

„Чест ми е да бидам дел од овој клуб“, изјави Манев на промоцијата.

Се вчитува...