Александар Трајковски е нов фудбалер на Хајдук. 31-годишниот фудбалер потпиша договор со сплитскиот тим до 2025 година, со опција да биде продолжен на уште една. Во Сплит се сели како слободен играч, откако му истече договорот со Ал-Фајха.
Трајковски ги искажа првите импресии од потписот со Хајдук, а има играно на Пољуд со оглед дека беше дел од Интер Запрешиќ пред 13 години.
„Преубаво е чувството да се биде дел од Хајдук. Со нетрпение очекувам да се приклучам на тимот и да почнам да тренирам. Ја познавам лигата, бев тука пред 13 години и сега се вратив. Среќен сум што ќе играм во голем клуб. Имам многу искуства. Хајдук го познавам, имаме добра екипа, сите знаат што значи овој клуб, и навистина сум многу среќен што станав дел од оваа приказна“, рече Трајковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

