Адеми: Среќен сум што пак го облеков дресот на Динамо, само да продолжиме со победи…

Аријан Адеми го имаше својот камбек во дресот на Динамо Загреб откако македонскиот репрезентативец се врати назад на „Максими“ од редовите на кинескиот Пекинг Гуан.

Големиот борец влезе во игра во 84. минута на мечот со Славен Белупо, доволно за да ја почувствува атмосферата што владее во тимот. По натпреварот, Адеми не го криеше задоволството што повторно го облече дресот на својот омилен клуб.

„Среќен сум што сум овде, што пак го облеков дресот на Динамо и истрчав на терен. Се надевам дека ќе продолжиме како и на овој дуел, бевме одлично, заслужено славевме и делувавме доминантно на теренот. Првите впечатоци за екипата ми се позитивни, делуваме силно, секако дека оние кои заминаа тешко ќе бидат покриени, но верувам дека со многу работа и залагање ќе играме онака како што сите посакуваат да го видат Динамо. Да продолжиме со победи, пред нас се и европски натпревари, така што периодот ќе биде доста напорен“, изјави Адеми.

Се вчитува...