Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков ќе биде надвор од терените во следните два месеци по повредата која ја заработи на квалификацискиот натпревар против Малта.
Романската Универзитатеа Крајова и официјално објави дека македонскиот репрезентативец два месеци ќе биде надвор од терените. Со тоа е јасно дека Зајков, кој беше стартер во одбраната на македонската репрезентација на последните натпревари, сега ќе ги пропушти и последните три натпревари на националниот тим во квалификациите за ЕП 2024, против Украина во Прага, против Италија во Рим и против Англија во Скопје.
Централниот дефанзивец се здоби со повреда на пршлен во пределот на вратот по што беше итно опериран по натпреварот со Малта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

