Трајковски дебитираше Хајдук ја совлада Локомотива (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Александар Трајковски дебитираше во дресот на хрватскиот великан Хајдук во победата на неговиот тим над Локомотива од 1-0.

Клучниот момент во мечот се случи во 76. минута кога Сахити го постигна голот вреден три бода за клубот од Сплит.

Александар Трајковски натпреварот го почна на клупата за резерви, а во игра влезе во 58. минута и ги одигра последните половина час.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...