Сефер Емини и Ферхан Хасани стрелаа во голеадата во Данска

Дуелот меѓу Хелсингор и Сондериске, заврши со триумф на гостинските играчи со 3-4. И покрај тоа што на два пати водеа гостите, сепак, на крајот мораа да стравуваат за трите бода.

Сефер Емини во 6. минута погоди во домашната мрежа за водство од 0-1. Потоа Сондериске стигна и до 0-2 на полувремето.

На почетокот на вториот дел Ферхан Хасани погоди за домашните и го намали резултатот. Повторно Сондериске дојде до предност од 1-3, па 2-3, потоа 2-4, и на крајот тимот на Хасани само успеа да намали.

Хасани играше до 75. минута, Емини го одигра целиот меч, додека за гостите играше и Николов кој беше сменет во 70. минута.

Се вчитува...