Хасани со гол го однесе Хелсингор во осминафиналето од Купот на Данска

Поранешниот македонски репрезентативец Ферхан Хасани е најзаслужниот за пласманот на второлигашот Хелсингор во осминафиналето од Купот на Данска.

Хелсингор во 1/16-финалната пресметка на гостувањето против Архус Фремад славеше со 1-2, благодарение токму на Хасани.

Македонскиот фудбалер беше стрелец во 47. минута на вториот гол за својот тим, токму одлучувачкиот за продолжување на Хелинсгор во следната рунда во данскиот куп.

Ова е трет гол за Ферхан Хасани сезонава во дресот на Хелсингор, покрај оние два во првенството во Втората лига на Данска.

Се вчитува...