Миовски и Абердин се пласираа во полуфиналето на шкотскиот Лига куп

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски и неговиот Абердин се пласираа во полуфиналето на шкотскиот Лига куп откако вечерва со 1-2 славеа на гостувањето кај Рос Каунти.

Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Шиние во 8. минута. Домаќините во 14. минута добија директен црвен картон откако теренот го напушти Балдвин. На 0-2 зголеми Соклер во 80. минута, додека конечните 1-2 ги постави Тарнер во 83. минута.

Миовски беше стартер за својот тим, а од игра излезе во 86. минута.

Се вчитува...