Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов влегува во гол-форма во дресот на полската Краковија со нов гол во втор меч едноподруго во
Откако пред неколку денови стрелаше во победата од 3-4 против Горник Лечна во Купот на Полска, сега Атанасов го постигна и својот прв гол за Краковија во најсилниот шампионат на Полска.
Во 10. коло, Краковија со 0-2 триумфираше на гостувањето против ЛСК Лоѓ, а Атанасов во 21. минута беше стрелец на вториот гол за својот тим, потоа прославувајќи го на специфичен начин.
ГОЛОТ НА ЈАНИ АТАНАСОВ МОЖЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК.
Краковија по девет одиграни натпревари е на седмата позиција во полскиот шампионат со 13 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

