ВИДЕО: Серафимов со ефектен гол за МОЛ Фехервар против Кишварда на Илиевски и Николов

Во македонската пресметка во унгарскиот шампионат меѓу МОЛ Фехервар и Кишварда, репрезентативецот Никола Серафимов далеку поуспешен од Марио Илиевски и Бобан Николов на спротивната страна.

По еден час игра, МОЛ Фехервар има предност од 2-1, а Серафимов и стрелец на првиот погодок за својот тим.

Откако гостите први поведоа, МОЛ Фехервар израмни на 1-1 со ефектниот погодок со глава токму на македонскиот репрезентативен стопер кој, по паузата поради повреда се враќа во препознатливата форма…

Во 60. минута и Кодро погоди за водство од 2-1 на домашните.

Серафимов игра од првата минута во својот тим, додека Илиевски и Николов почнаа од клупата за резервни фудбалери кај Кишварда. Илиевски влезе во игра на почетокот од второто полувреме.

Се вчитува...