Стефан Ашковски потпишува за Раднички Ниш

Македонскиот репрезентативец Стефан Ашковски својата кариера ја продолжува во српскиот суперлигаш Раднички Ниш, дознава ЕКИПА.

Ашковски се одлучи на разделба со грчката Ламија, и покрај договорот до јуни следната година, прифаќајќи ја понудата од членот на најсилната српска лига. Договорени се деталите за трансфер на 31-годишниот Ашковски кој оваа недела ја очекува и официјалната промоција во својот нов клуб.

Македонскиот фудбалер повторно се враќа во српското првенство откако претходно настапуваше и за Телеоптик, Партизан, Напредак Крушевац и Нови Пазар. Во кариерата досега има настапи и за норвешки Штромгосед, холандска Фортуна Ситард, полската Горник Лечна, романските Ботошани и Сепси, како и за екипата на Шкендија во македонскиот шампионат.

Се вчитува...