Македонскиот интернационалец Александар Мишов го запиша третиот гол во грузискиот шампионат откако стрелаше на средбата помеѓу неговата Самтредија и Телави во 28. коло.
Мишов во 61. минута беше успешен од белата точка, постигнувајќи го единствениот гол за својот тим во ремито од 1-1.
Ова е деветти настап за поранешниот фудбалер на Тиквеш во Грузија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

