КЛ: Миовски го спаси Абердин од пораз, Милан Ристовски и Спартак немоќни пред Фенербахче (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски запиша нов погодок за Абердин сезонава, овој пат спасувајќи го шкотскиот премиерлигаш од пораз на дуелот против Хелсинки во 2. коло од Групата Г во Конференциската лига на УЕФА.

Абердин ремизираше (1-1) пред своите навивачи, со погодок токму на македонскиот напаѓач.

Миовски со убав погодок со глава во 79. минута донесе израмнување за конечни 1-1, откако претходно гостите со голот на Радуловиќ во 59. минута поведоа со 0-1.

Во оваа група, ПАОК во Солун славеше против Ајнтрахт Франкфурт со 2-1.

Standings provided by Sofascore

Спартак Трнава на Милан Ристовски загуби со 1-2 во Групата Х од турски Фенербахчев. Македонскиот напаѓач во игра влезе во 75. минута, имаше активна улога во желбата на домаќините да дојдат до бод, но не успеа да му помогне на својот тим да остане непоразен.

Standings provided by Sofascore
Во групата Ф, Фиорентина во судиското продолжение се спаси од пораз од Ференцварош ремизирајќи, 2-2. Иконе со голот во 93.минута донесе бод за италијанскиот тим.

Standings provided by Sofascore
Во Групата Е, босански Зрињски беше пред ново изненадување во европски рамки, но загуби минимално со 1-0 на гостувањето од Астон Вила со гол примен буквално во последните секунди од средбата. Зрињски имаше бод во рака, но МекГин во 94. минута постигна гол за победа на англискиот премиерлигаш.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...