Нов гол за Агон Елези за Вараждин (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Агон Елези продолжува со одличните партии за својот Вараждин во хрватскиот шампион.

Вараждин на полувреме има реми 2-2 на гостувањето кај Славен Белупо, а нашиот интернационалец повторно се запиша во листата на стрелците.

Откако домаќините брзо стигнаа до водство од 2-0, гостите од Вараждин преку Јорго Пелумби прво во 31. минута намалија на 2-1, а Елези со убав погодок во 38. минута израмни на 2-2.

Се вчитува...