Илија Несторовски го постигна својот деби гол во новиот тим Асколи. Неговиот гол донесе предност на Асколи во дуелот со Сампдорија, но на крајот тимот од Џенова успеа да освои бод.
Сампдорија во вториот дел израмни, и така дојде до „реми“.
Несторовски во 64. минута заработи жолт картон, а во 79. минута го напушти теренот.
Несторовски дојде во Асколи пред три недели како слободен агент откако му истече договорот со Удинезе. Тој не се најде на списокот на Благоја Милевски за натпреварите со Украина и со Ерменија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

