Ердон Даци му донесе победа на Вестерло

Ердон Даци со својот прв гол во шампионатот на Белгија, му донесе победа на својот тим Вестерло во мечот против Кортријк во дербито на дното на табелата. Даци овој меч го одигра на левокрилната позиција, успеа да постигне погодок во 35. минута од средбата.

Тој беше стартер првпат во сезоната, откако минатата ја пропушти поради тешка повреда. Имаше пауза и од шест меча и во овој шампионат поради повреда, но се врати на најдобар можен начин.

Даци одигра 69. минути, по што беше заменет. Инаку Даци е поранешен репрезентативец, и беше дел од националниот тим на двата баражи за пласман на Мундијалот во Катар против Италија и против Португалија. Следуваше тешка повреда на лигаментите, по која паузираше осум месеци, и сега се враќа на терените, а добрите настапи може да му донесат и „кам-бек“ во националниот тим.

Се вчитува...