Прв гол на Доријан Бабунски за Грасхоперс

Доријан Бабунски го постигна својот прв гол за новиот клуб Грасхоперс. Македонскиот напаѓач својот дебитантски погодок го даде денеска во дуелот со Ивердон, кој тимот од Цирих го доби со убедливи 0-3.

Бабунски беше стартер на овој натпревар, и успеа да постигне гол во 72. минута од средбата. Тој играше до судиското надополнување кога беше заменет.

Пред неколку дена Бабунски не се најде на списокот на Благоја Милевски за натпреварите со Украина и со Ерменија. Селекторот Милевски одлуката ја образложи како негова лична, но и дека разговарал со Бабуински, и дека вратата за него во националниот тим останува отворена.

Се вчитува...