Бејтулаи потпишува за косовскиот прволигаш Гњилане

Македонскиот репрезентативец Егзон Бејтулаи својата кариера ја продолжува во редовите на косовскиот прволигаш Гњилане.

Бејтулаи беше пред договор со Гостивар, но откако не успеа да се договори со македонскиот прволигаш, се одлучи да ја прифати понудата на Гњилане каде се очекува официјално да биде промовиран наредниве денови.

Гњилане, по девет кола, со осум бода е на осмата позиција од десет екипи во шампионатот на Косово.

Се вчитува...