Компани: Искрено се плашев за Чурлинов, но неговиот ум помогна повторно да заигра фудбал

Македонскиот фудбалски репрезентативец Дарко Чурлинов запиша два настапи на А-тимот во кам-бекот на фудбалските терени по тешкиот период во неговиот живот.

Чурлинов беше надвор од терените и беше итно опериран поради сепса. Труењето на крвта беше многу опасно за младиот играч, но за среќа се заврши како што треба. Околу целата ситуација говореше и менаџерот на Барнли, Винсент Компани.

„Приказната на Чурлинов беше страшна, се плашев за него затоа што загуби доста тежина и мускул, се предвидуваше дека нема да игра цела сезона, но мислам дека неговиот ум заедно со добрите третмани му помогнаа да се врати доста побрзо и да заигра фудбал. Убаво е што го имам повторно во тимот и тоа ми создава мала релаксација“, изјави Компани.

Се вчитува...