Елмас поради повреда не е во комбинација за Наполи во Верона

Го нема Елиф Елмас во комбинација за настап за Наполи во дуелот со Верона на гости. Сите се прашуваат што се случи со „дијамантот“ особено ако се знае дека ги одигра двата цели натпревари за Македонија пред неколку дена, а сега го нема ниту на клупата.

Причината е повредата на задната ложа заработена на вчерашниот тренинг на македонскиот репрезентативец, за време на последниот тренинг пред дуелот со Верона. Повредата не е сериозна, и се очекува тој да биде во комбинација за дуелот во Лигата на шампионите против Унион Берлин.

Информацијата ја потврди и спортскиот директор на клубот, Мауро Мелусо кој кажа дека Елмас заработи повреда на мускулот, откако се врати во Наполи со настапите за националниот тим.

Елмас е со екипата во Верона, меѓутоа од Наполи не сакаа да ризикуваат, и затоа не го ставија во комбинација. Се очекува тој да патува во Берлин и да бидде во комбинација за дуелот со Унион во рамките од 3. коло во групната фаза во Лигата на шампионите.

Се вчитува...