Столе „лигашката 100“ ја прослави со одбранет пенал и победа на Рајо (ВИДЕО)

Столе Димитриевски и неговиот Рајо Валјекано стигнаа до голема победа од 0-1 на гостувањето кај Лас Палмас во првиот натпревар од денешната понуда од 10. коло во шпанската Ла лига.

Нашиот голман кој денеска го одигра 100. натпревар во најсилното шпанско натпреварување беше херој за својот тим откако во 34. минута во првото полувреме му одбрани пенал на Мунир. Конечните 0-1 беа дело на Бебе од пенал во 90. минута.

 

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...