Елмас е „фит“, ќе патува со Наполи за Германија

Елиф Елмас експресно се рехабилитираше од повредата на мускулот, па македонскиот репрезентативец ќе биде во комбинација за настап за Наполи на утрешното гостување против Унион Берлин.

Нашиот интернационалец настапи на двете октомвриски средби против Украина и Ерменија, но по враќањето во Неапол се пожалил на болка во мускулот, поради што го пропушти саботниот дуел со Верона. Сепак, италијанските медиуми најавуваат дека Елиф денеска тренирал без никаков проблем, го одработел целиот тренинг со остатокот од екипата, по што добил зелено светло од лекарскиот тим да патува за Берлин.

Останува да се види дали тренерот Гарсија конечно ќе реши да му укаже шанса на македонскиот фудбалер, откако упорно го игнорираше во првите два месеци од сезоната. Наполи на утрешниот меч ќе биде без стандардните Осимен и Ангиса, па интересно ќе биде да се види изборот на тренерот на „наполитанците“, дали меѓу првите единаесетмина ќе најде место за македонскиот „дијамант“.

Се вчитува...