Заслужено: Столе Димитриевски, најдобар голман во десеттото коло од Ла Лига

Столе Димитриевски продолжува со извонредните настапи во дресот на Рајо Валјекано, откако токму македонскиот голман беше најзаслужен што овој тим славеше на гостувањето против Кадиз со 0-1.

Димитриевски одбрани пенал во првото полувреме, потоа имаше сигурни интервенции и во вториот дел, по што Рајо со гол во самиот финиш стигна до три бода. Апсолутно заслужено, Столе беше избран како најдобар голман во идеалниот тим од десеттото коло во Ла Лига, крај играчи како Карвахал од Реал Мадрид, Хермосо и Гризман од Атлетико, Жоао Феликс од Барса…

Уште еден доказ дека Димитриевски е еден од најдобрите голмани во Ла Лига оваа натпреварувачка сезона…

Се вчитува...