Елмас влезе на полувремето, Наполи со трите бода од Берлин (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас влезе на полувремето за својот Наполи во дуелот со Унион Берлин во Лигата на шампионите. Италијанскиот шампион дојде до втората победа во групата, и така направи голем чекор напред кон следната фаза во најелитното европско натпреварување.

Голот на Наполи го постигна Распадори, на асистенција на Кварацхелија. Во првиот дел Унион постигна гол кој беше поништен поради офсајд.

Унион Берлин останува без бодови во групата, додека Наполи сега има шест. Реал Мадрид има девет бода, додека Брага во оваа група стигна до три бода, оние од Берлин.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...