Влатко Андоновски е назначен за тренер и спортски директор на Канзас сити

Македонскиот стратег, Влатко Андоновски повторно се враќа на менаџерската позиција на Канзас сити во Националната женска фудбалска лига на САД, со кого пред да биде именуван за селектор на женската репрезентација на САД освои две титули шампион на лигата.

Андоновски сега го презема новиот тим КС Карант кој е наследник на Канзас сити како тренер но и спортски директор во желбата да ги врати славните денови на клубот.

„Се враќам дома, се враќам во Канзас сити, но што е уште поважно се враќам во организација која има јасна визија за патот по кој треба да оди овој тим. Навистина сум превозбуден да бидам дел од тим како овој“ – истакна Андоновски на промоцијата во Канзас.

Македонскиот фудбалски стручњак претходно го водеше клубот од 2013 до 2017 година, и освои титули во 2014 и во 2015 година. Беше прогласен за тренер на годината во 2013 и во 2019 година и е единствениот тренер што го доби тоа признание во САД со различни клубови.

Меѓу сопствениците на Канзас сити карант, кој во следната сезона треба да отвори свој стадион во центарот на Канзас сити, е и Британи Махомс, сопругата на квотербекот на Канзас сити од НФЛ, Патрик Махомс.

Се вчитува...