Еден од најтрофејните македонски тренери, Ќатип Османи е именуван за нов тренер на албанскиот суперлигаш Влазнија од Скадар.
Како што пренесува албанската Спортманија, Османи деновиве треба да го преземе тимот во обидот за поуспешни резултати сезонава. По десет рунди, Влазнија има само 12 бода и се наоѓа на седмата позиција на табелата во Суперлигата на Албанија.
Ќатип Османи претходно во тренерската кариера ги водеше Ренова, Шкендија и Шкупи, а со Шкендија има три шампионски трофеи во Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

